Етичко убедување ― поим кој се однесува на моралните начела поврзани со употребата на убедување од страна на говорникот за да влијае на верувањата, ставовите, намерите, мотивациите или однесувањата на публиката. Етички говорник може да настојува:

  1. Да ја истражи гледната точка на публиката,
  2. Да ја објасни гледната точка на говорникот и
  3. Да створи резолуции.[1]

Етиката на убедување во професионалните медиумски полиња како што е новинарството добила одредено академско внимание. Бејкер и Мартинсон претставиле тест од пет дела кој ги дефинира петте начела на вистинитост, автентичност, почит, правичност и општествена одговорност ( т.е. важноста на општото добро).[2] Така, овој тест служи како мерка за придржување на говорникот до некои етички принципи во професионалната убедлива кореспонденција. Фицпатрик и Готје поставувиле неколку свои прашања за да ја оценат етиката на убедувањето:

  1. За која цел се користи убедувањето?
  2. Кон кои избори и со какви последици за поединците се користи убедувањето?
  3. Дали убедувањето придонесува или се меша во процесите на донесување одлуки на публиката?[3][1]

Во врска со тоа, етиката на реториката се занимава со способноста на една личност да се спротивстави на искушението да си помогнат себеси со тоа што ќе им наштети на другите. Друг пример на неетичко убедување би било да се користи убедувањето за лична корист без знаење на публиката.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „The Ethics of Persuasion“. kolibri.teacherinabox.org.au. Посетено на 11 август 2022.[мртва врска]
  2. Baker, Sherry; Martinson, David L. (1 септември 2001). „The TARES Test: Five Principles for Ethical Persuasion“. Journal of Mass Media Ethics. 16 (2–3): 148–175. doi:10.1080/08900523.2001.9679610. ISSN 0890-0523.
  3. Fitzpatrick, Kathy; Gauthier, Candace (2001-09-01). „Toward a Professional Responsibility Theory of Public Relations Ethics“. Journal of Mass Media Ethics. 16 (2–3): 193–212. doi:10.1080/08900523.2001.9679612. ISSN 0890-0523.