Естонска евангелистичко-лутеранска црква
Естонска евангелистичко-лутеранска црква (естонски: Eesti Evangeelne Luterlik Kirik, скратено ЕЕЛЦ) — лутеранска црква во Естонија. ЕЕЛЦ е членка на Светската лутеранска федерација и припаѓа на Заедницата на протестантски цркви во Европа. Исто така е член на Декларацијата Порво, ставајќи го во црковна унија со Црквата на Англија и другите англикански цркви во Европа.
Естонска евангелистичко-лутеранска црква | |
---|---|
Лого на црквата | |
Класификација | Протестантство |
Правец | Лутеранство |
Надлежност | Епископско-синодски |
Примат | Урмас Вилма, архиепископ на Талин |
Здруженија | Светска лутеранска федерација, Светски црковен совет, Конференција на европските цркви, Декларација Порво Заедница на протестантските цркви во Европа |
Подрачје | Естонија |
Потекло | 1917 |
Заедници | 164 |
Членови | 180.000 (2014)[1] |
Мрежно место | http://www.eelk.ee/ |
Историја
уредиЕстонската евангелистичко-лутеранска црква (ЕЕЛЦ) била создадена во 1949 година, кога претходната црковна хиерархија, предводена од епископот Јохан Кеп, побегнала во Шведска во 1944 година. Кога Советскиот Сојуз ја окупирал Естонија во 1940 година, повеќето христијански организации биле распуштени, црковниот имот бил запленет, теолозите биле избркани на Сибир, а верските образовни програми целосно укинати. Подоцна, Втората светска војна донела уништување на многу цркви. До 1988 година, црковните активности не биле обновени, кога започнало да се јавува движење за верска толеранција во Советскиот Сојуз.
Иако жените учеле теологија на Тартскиот универзитет во 1920-тите години и некои од нив станале свештеници, до 1967 година немало жени, кога за првпат Лаине Вилентал станала свештеничка.
Водство
уредиЦрквата на Естонија е епископска и моментално е предводена од пет епископи, вклучувајќи го архиепископот, кој е примат. По повлекувањето на Андрес Пидер како архиепископ, моменталниот архиепископ е Урмас Вилма, воведен на 2 февруари 2015 година. Архиепископот на Естонската евангелистичко-лутеранска црква во странство е Андрес Таул, исто така свештеник на Лутеранската црква-Канада.
Членство
уредиДо февруари 2009 година, ЕЕЛЦ имала околу 160.000 крстени членови, додека црквата во странство (со седиште во Канада) имала околу 8.000 членови.[2] Во 2014 година, Светската лутеранска федерација објавила број од пријавени членови од 180.000.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Цркви во Естонија“. lutheranworld.org. Светска лутеранска федерација. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 16 февруари 2016.
- ↑ „LWF Statistics 2009“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-04-30. Посетено на 2016-03-28.
- ↑ „Цркви во Естонија“. lutheranworld.org. Lutheran World Federation. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 16 февруари 2016.