Ерху е кинески гудачки инструмент со две жици, инаку наречен јужна гусла, додека во западниот свет е познат како кинеска виолина или кинеска гусла со две жици. Се користи и како соло инструмент,како и во мали ансамбли и големи оркестри. Тој е најпопуларен од семејството на традиционални жичани инструменти хукин што ги користат различни етнички групи во Кина. Се користи и во традиционални и во современи музички аранжмани, како што се поп, рок и џез. [1]

Ерху- кинески гудачки инструмент

Историја

уреди

Ерху првпат се појавил во Кина за време на династијата Танг. Се верува дека потекнува од народот Кси кој се наоѓа во североисточна Кина. [2] Во поголемиот дел од историјата, ерху бил главно народен инструмент што се користел во јужна Кина, додека сиху бил префериран меѓу северните музичари. Лиу Тианхуа во 1920 година го вовел овој инструмент во Пекинг и оттогаш станал најпопуларен меѓу нив .

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Erhu – Chinese violin / fiddle with two strings – and Erhu music (audio & video demo)“. Philmultic.com.
  2. „Introduction of Traditional Chinese Bowed String Instrument - Erhu, Gaohu, Zhonghu, Banhu, Chinese Violin, Chinese Fiddle“. Архивирано од изворникот на 2012-01-12. Посетено на 2023-03-30.

Литература

уреди
  • Stephen Jones (1995). Folk Music of China. Oxford: Clarendon PressOxford University Press.
  • Terence Michael Liu (1988). "Development of the Chinese Two-stringed Bowed Lute Erhu Following the New Culture Movement (c. 1915–1985)". Ph.D. dissertation. Kent, Ohio: Kent State University.
  • Jonathan Stock. "A Historical Account of the Chinese Two-Stringed Fiddle Erhu". Galpin Society Journal, v. 46 (March 1993), pp. 83–113.
  • Jonathan Stock (1996). Musical Creativity in Twentieth-Century China: Abing, His Music, and Its Changing Meanings. Eastman Studies in Music. Rochester, New York: Rochester University Press.
  • Yongde Wang (1995). Qing shao nian xue er hu (Young person's erhu study). Shanghai Music Publishing House.