Енипејска Клисура
клисура во Катеринско, Егејска Македонија
Енипејска Клисура (грчки: Φαράγγι Ενιπέα) — клисура во Катеринско, Егејска Македонија. Сместена е во Источен Олимп, близу гратчето Литохоро.[1]
Енипејска Клисура | |
---|---|
Φαράγγι Ενιπέα | |
Поглед на клисурата | |
Должина | 9 км И - З |
Геологија | |
Вид | клисура |
Географија | |
Местоположба | Катеринско, Егејска Македонија |
Земја | Грција |
Координати | 40°05′18″N 22°26′05″E / 40.0883° СГШ; 22.4347° ИГД |
Река | Енипеј |
Клисурата е се наоѓа на реката Енипеј. Стеснувањето почнува од Литохоро во месноста Мили, точно во подножјето на Олимп, на надморска височина 320 м. Завршува кај планинарскиот дом „Прионија“ на надморска висина од 1.100 м. Должината на патеката изнесува 9 км. Знаменитости во клисурата се манастирот „Св. Дионисиј“ и Енипејскиот Водопад, сместен малку над планинарскиот дом. Клисурата е пресечена од европската патека на долги растојанија Е4.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Φαράγγι και Καταρράκτες του Ενιπέα“. My Greek Heart. Архивирано од изворникот на 2020-08-03. Посетено на 6 февруари 2022.
Надворешни врски
уреди- Енипејска Клисура на Ризницата ?