Енгелсбершка железарница
Енгелсбершката железарница (шведски: Engelsbergs bruk) ― железарница во Енгелсберг, село во општината Фагерста во Вестманланд, Шведска. Изградена била во 1681 година од Пер Ларсон Гиленхок (1645-1706) и била развиена во една од најсовремените железничарници во светот во периодот до 1700-1800 година. Таа е наведена како светско наследство на УНЕСКО од 1993 година.
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Место | Енгелсберг, Фагерста, Шведска |
Критериум | културно: (iv) |
Навод | 556rev |
Запис | 1993 (XVII заседание) |
Површина | 9.596 ha (23.71 acres) |
Координати | 59°58′00″N 16°00′30″E / 59.96667° СГШ; 16.00833° ИГД |
Име
уредиЖелезарницата Енгелсберг го носи името според селото Енгелсберг кое па го носи името по Енглика. Енглика, роден во Германија, започнал да произведува железо во Енгелсберг во 14 век.[1]
Историја
уредиИсторијата на производство на железо во регионот датира од најмалку 13 век. Месните селани ја ископувале рудата и го произведувале железото користејќи примитивни печки.[2]
На крајот на 16 век, во Енгелсберг биле воведени посовремени методи на производство и обемот на производство значително се зголемил во следните децении.[2]
Опис
уредиЗачуваните згради вклучуваат главна куќа, испекторската куќа и куќа за топење со висока печка.[2]
Светско наследство на УНЕСКО
уредиЕнгелсбершката железарница е светско наследство наУНЕСКО. Додадено е на списокот во 1993 година.[3]
Галерија
уреди-
Главната куќата со нејзините крила
-
Куќата од страната на градината
-
Западното крило
-
Двете кули од згура од камен
-
Топилницата
-
Старата канцеларија
-
Архивите на Axel Johnson Group
-
Новата канцеларија
-
Печките
-
Браната и високата печка
-
Старата штала
-
Пат кај Енгелсбершката железарница
Наводи
уреди- ↑ „Världsarvet Engelsbergs bruk“. Посетено на 12 август 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Engelsberg Ironworks“. Посетено на 12 август 2021.
- ↑ „Sweden“. Посетено на 12 август 2021.