Емилио Палма
Емилио Маркос Палма Морела (шпански: Emilio Marcos Palma; роден на 7 јануари 1978 година) е аргентински државјанин, првиот човек кој се родил на Антарктикот.
Емилио Палма | |
---|---|
Роден(а) | Емилио Маркос Палма 7 јануари 1978 База Есперанца, Антарктик |
Државјанство | Аргентинско |
Познат(а) по | Првиот човек кој се родил на Антарктикот |
Родители |
|
Биографија
уредиПалма е роден во Фортин Сарџенто Кабрал во базата Есперанца, во близина на врвот од Антарктичкиот Полуостров, и при раѓањето тежел 3,4 кг. Неговиот татко, капетанот Хорхе Емилио Палма, бил шеф на аргентинската армија во базата.[1] Иако оттогаш на Антарктикот се родени десет луѓе, местото на кое се родил Палма и натаму е најјужното место.
Кон крајот на 1977 година, во седмиот месец од бременоста, Марија Силвија де Палма, мајката на Емилио, била однесена во станицата Есперанца за да се породи.[2] Со неговото раѓање Аргентина сметала дека ќе стекне предност во спорот за суверенитет над територијата на Антарктикот. Емилио автоматски добил аргентинско државјанство од владата бидејќи неговите родители биле аргентински државјани, а тој е роден во Аргентинскиот Антарктик. За овој дел од Антарктикот Аргентина тврди дека е дел од нејзината територија, иако суверенитетот не е меѓународно признат и се поклопува со британските и чилеанските претензии .
Тој влегол во Гинисовата книга на рекорди како првиот човек во историјата за кој се знае дека е роден на Антарктикот.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Life found under S Pole ice shelf“. The Times. 10 January 1978.
- ↑ „Born Freezing: Meet Antarctica's First Citizen“. WebEcoist. Посетено на 12 July 2012.[мртва врска]
- ↑ The Guinness Book of Records. 1986. стр. 17.