Елиф Шафак — професор, политиколог и најнаградуваната и најчитана современа турска писателка. Родена е во 1971 г., во Стразбур, Франција, а нејзиниот космополитски дух се должи на годините поминати во многу држави со својата мајка дипломат. Но длабоко е поврзана со Истанбул, каде што живее заедно со сопругот и двете деца, а нејзиниот втор дом е Лондон.

Елиф Шафак
Elif Shafak
Занимањероманописец
Период1994 – денес
Значајни делаThe Gaze
The Bastard of Istanbul
The Forty Rules of Love: A Novel of Rumi
мрежно место
http://www.elifshafak.com

Шафак пишува на турски и на англиски, а нејзините дела се преведени на повеќе од четириесет јазици. Автор е на 13 книги, од кои 9 се романи, меѓу кои Копилето од Истанбул, Четириесет правила на љубовта и Чест. Во нејзините дела, напишани во духот на мистичниот реализам, се провлекуваат историјата, мултикултурализмот, хуманизмот, родовите права и суфизмот, во кои ги испреплетува усните преданија на Истокот и пишаниот збор на Западот.

Предавала на повеќе универзитети во Турција, Америка и Англија. Активно пишува политички колумни за повеќе весници и магазини низ светот: „Индипендент“, „Гардијан“, „Њујорк тајмс“, „Економист“, „Монд“, „Берлинер цајтунг“, „Ханделсблат“, „Волстрит журнал“ и „Тајм“. Предавач е на ТЕД глобал. Покрај многубројните литературни награди, во 2010 г. е одликувана со францускиот Орден на уметноста и литературата.

Издавачката куќа „Три“ е издавач на книгите на Елиф Шафак на македонски јазик.

Книги

уреди
  • Копилето од Истанбул (2006, 2011 во Македонија)
  • Четириесет правила на љубовта (2009, 2013)
  • Чест (2011, 2014)
  • Чиракот на архитектот (2013, 2016)
  • Трите ќерки на Ева (2016, 2017)
  • 10 минути и 38 секунди во овој чуден свет (2018, 2019)