Економија на Словачка

Економијата на Словачка спаѓа во групата на новопојавените пазарни економии. Таа е членка на ЕУ и на ОЕЦД.

Братислава, бизнис центар на Словачка

Макроекономски показатели

уреди

Во 2019 година, БДП по глава на жител на Словачка изнесувал 19 548 долари, со што таа била рангирана на 25. место во однос на Европа и 45. во светот.[1] Во 2018 година, кефициентот Џини во Словачка изнесувал 26,1%.[2]

Стопанска структура

уреди

Даночен систем

уреди

По осамостојувањето на Словачка во 1993 година започнал да се формира нејзиниот нов даночен систем. Словачкиот даночен систем е формиран од три вида на даноци кои се состојат од директни даноци, индиректни даноци и локални даноци.[3] Во 1993 година започнaле да се воведуваат промени во социјалното и здравствено осигурување, како и во осигурувањето во случај на невработеност, а со даночната реформа од 1995 година било извршено префрлање на даночниот товар од директните кон индиректните даноци. Во развојот на даночниот систем на Словачка пресвртна била 2004 година, кога се воспоставил поедноставен даночен систем со помалку ослободувања, што резултирало во подобрување на контролата, транспарентноста и едноставноста на даночните закони. Тогаш бил воведен рамниот данок со стапка од 19% со кој бил заменет претходниот прогресивен данок со стапки кои се движеле од 10% до 38%. Во 2011 година, како дел од данокот на доход биле воведени одредени даночни олеснувања, а со реформата од 2012 година била создадена единствена институција која ја покрива даночната и царинската администрација и ги собира даноците, царините и придонесите од социјалното осигурување. Во 2013, Словачка го напуштила рамниот данок и вовела две маргинални стапки на даночна прогресија - 19% и 25%. Стапката од 25% се применува за приход кој надминува 176,8 пати од важечкиот минимум за егзистенција (за 2013 година, прагот изнесувал 34 401,74 евра, годишно), а приходот до овој праг се оданочува со стапка од 19%. Истовремено, данокот на добивка се зголемил на 23%, но подоцна се намалил најпрвин на 22%, а потоа на 21%.[4]

Во прибирањето на даноците во Словачка постојат две забележителни опаѓања: во 2004 година и повторно во 2009–2010 година. Падот во 2004 година бил предизвикан од воведувањето на рамниот данок, додека падот на приходите во 2009–2010 година бил предизвикан од економската криза. Приходите од данокот на личен доход достигнале 2,2 милијарди евра во 2015 година и 2,9 милијарди во 2017 година. Исто така, и приходите од данокот на добивка забележале пад во 2004 година, кога била воведен рамниот данок. Понатаму, даночните приходи се намалиле и во 2014 година, по укинувањето на рамниот данок, но во 2015 година, собраниот данок на добивка достигнал вредност од 2,6 милијарди евра, а во 2017 година - 2,9 милијарди евра. Што се однесува до собирањето на данокот на додадена вредност, тој монотоно се зголемувал до економската криза и во 2015 година достигнал вредност од 5,5 милијарди евра.[5]

Во 2014 година даночното оптоварување на Словачка изнесувало 31% од БДП, а во 2017 година достигнало 33%.[6]

Надворешна трговија

уреди

Наводи

уреди
  1. http://statisticstimes.com/economy/european-countries-by-gdp-per-capita.php statisticstimes.com (пристапено на 12.06.2020)
  2. knoema.com (пристапено на 13.7.2020)
  3. Medved, J., Nemec, J (2011). Verejni financie. Sprint dva, Bratislava.
  4. „ec.europa.eu (пристапено на 5.5.2020)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-11-11. Посетено на 2020-10-14.
  5. case-research.eu (пристапено на 5.5.2020)
  6. „ec.europa.eu (пристапено на 05.05.2020)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-11-11. Посетено на 2020-10-14.