Еклер (филм)
Еклер — краток македонски игран филм во режија на Марко Ѓоковиќ. Премиерата на филмот била на 4 мај 2016 година.[1]
Актерската екипа е во состав: Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Звездана Ангеловска, Игор Ангелов, Борис Дамовски, Горан Трифуновски, Сара Климоска и Емил Костовски.
Директор на фотографија е Александар Крстевски, Иван Бартлинг е автор на сценографијата, Емилија Ивановска Атанасовска – костимограф, Симона Ристевска – шминкер, Горан Вуќиќ – монтажер, Игор Поповски – дизајнер на звук и Огнен Атанасовски – композитор.
Продуценти на филмот се Дејан Крајчевски, Марија Димитрова и Емилија Чочкова.
„Еклер“ е во продукција на Фрагмент Филм, а копродуценти на филмот се Круг Филм, Вертиго Визуал и Аудио Хаус од Македонија и Кубе Студио од Албанија. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.
Содржина
уредиФилмот „Еклер” е приказна за синот на куварката во Маршаловата вила, малиот Марко кој десет години сонува да ги проба специјалитетите кои за Маршалот, според протоколот на титовата вила, секојдневно ги подготвува неговата мајка.
Наводи
уреди- ↑ „ВИДЕО: Премиера на „Еклер", краток филм на Марко Ѓоковиќ“. А1он (англиски). 2016-05-03. Посетено на 2024-10-13.