Екватив
Екватив – падеж кој изворно изразувал стандард за споредба на еднакви вредности („толку… колку …“). Еквативниот падеж бил се користел само во неколку јазици во текот на историјата. Бил користен во сумерски јазиксумерскиот јазик, каде исто така имал семантички функци на есивесивен падеж („во својство на …“) и падеж на сличност („како…“).[1]
Во сумерскиот јазик, еквативот бил формиран со додавање на наставката „-gin7“ на крајот од именската реченица. Во неговата функција на сличност:
- lugal, „крал“; lugal-gin7, „како крал“:
- nitah-kalaga; „моќен човек“; nitah-kalaga-gin7, „како моќен човек“
Во осетскиот јазик се формира со наставката „-ау“:
- фӕт, „стрела“; фӕтау, „како стрела“
Исто така се среќава во халачкиот јазик и јужмноамериканските јазици како кечуанските, ајмаранските, уро и чолонскиот јазик.
Велшкиот јазик, пак нема еквативен падеж на именките, туку има еквативен степен на придавките, претставен со наставката -ed: на пример, „hyned“ (â ...), со значење „стар како“.
Сиреникскиот јазик имал еквативен (или компаративен) падеж за опишување на сличности меѓу именки.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Sövegjártó, Szilvia. The Sumerian equative case, 2010.
Надворешни врски
уреди- SIL definition of equative case Архивирано на 19 јуни 2008 г.