Езериште — заезерната мочурлива висорамнина на планината Бистра. Месноста Езериште е сочинета од неколку локви, бари, мочуришта и езерца, длабоки до половина метар, кои се наоѓаат во подножјето на гребенот и врвот Голем Рид на северозападната огранка наречена Чаушица, помеѓу месностите Планиница и Лекочере во непосредната близина на Сенечко Езеро. Дел од водите на Езериште се сливаат малата планинска рекичка Беличица на исток, а дел во Сув Дол над Сенце кон север.

Галерија

уреди