Едноцилиндричен мотор

(Пренасочено од Едноцилиндричен)

Едноцилиндричен мотор е наједноставниот вид на клипен мотор со внатрешно согорување. Често се користи кај мотоциклите но наоѓа најразновидни примени кај моторните алатки, градинарската машинерија, но и кај некои автомобили и трактори.

Четиритактен (Ото) мотор

Предности и недостатоци

уреди
 
Мотоцикл BMW R27 со едноцилиндричен мотор

Едноцилиндричните мотори се едноставни и компактни, и обично дава повеќе сила во даден опсег. Меѓутоа овие мотори се склони на бука и вибрација, освен ако ова не е решено со рамнотежни оски. Моментот на инерција е претежно висок, ограничувајќи нагли промени во брзината и забрзувањето. Разладувањето е поедноставно од она кај повеќецилиндричните мотори, што потенцијално заштедува тежина.

Меѓутоа големата неурамнотежена клипна инерција ја ограничува максималната брзина на моторот и натој начин, целокупната излезна сила. Затоа оваа конфигурација се среќава кај помали мотори.

Употреба

уреди
 
Мотоцикл „Реџина“ со едноцилиндричен четиритактен мотор

Сите рани автомобили и мотоцикли биле едноцилиндрични, како и бродските мотори. Ваквите мотори и денес нашироко се употребуваат во мотокросот и кај сите висови на пренослив алат и градинарски направи како косилки за трева.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
Конфигурација на клипни мотори
Линеарни Единечен, 2, 3, 4, 5, 6, 8, 9, 10, 12, 14
V 2, 4, 5, 6, 8, 10, 12, 16, 20, 24
Боксер 2, 4, 6, 8, 10, 12, 16
W 8, 12, 16, 18
Други линиски Н, VR, Спротивставен, U (Квадратен), Х
Други Кружен, Вртежен, Бесклипен (Ванкелов)