Една модерна приказна (филм)

„Една модерна приказна — Кралицата на пчелите“ (италијански: Una storia moderna - L'ape regina) – филм на режисерот Марко Ферери (Marco Ferreri) од 1963 година. Ферери е автор и на сценариото, заедно Рафаел Аскона (Rafael Azcona). Главните улоги ги играат: Уго Тоњаци (Ugo Tognazzi), Марина Влади (Marina Vlady), Валтер Гилер (Walter Giller), Линда Сини (Linda Sini), Рикардо Фелини (Riccardo Fellini), Иги Полидоро (Igi Polidoro) и Нино Вињели (Nino Vingelli). На Канскиот филмски фестивал, Марина Влади ја освоила наградата за најдобра глумица.[1]

Синопсис

уреди

По женидбата со Реџина, Алфонсо набрзо сфаќа дека таа го смета само за потенцијален оплодувач. Исцрпен од постојаните барања на неговата сопруга чија цел во животот е да има дете, Алфонсо се разболува. Кога најпосле, неговата сопруга останува бремена, тој мисли дека ќе има мирен жибот, но не испаѓа така...

Наводи

уреди
  1. Bračna postelja, talijansko-francuski film (пристапено на 18.4.2024)