Еденска градина (Хемингвеј)
Еденска градина (англиски: The Garden of Eden) — вториот постхумен роман на Ернест Хемингвеј започнат во 1946 година и објавен во 1986 година.
Ракописот на романот не бил завршен до смртта на писателот. „Уредникот се задоволил со мали корекции; направил неколку резови (авторот веројатно ќе направел повеќе) но ништо не беше додадено во текстот“, објаснува Мишел Морт во предговорот на книгата.