Егзонуклеаза
Егзонуклеаза — ензим кој сече нуклеотиди, еден по еден, од крајот (егзо) на полинуклеотидниот синџир. Хемиската реакција која ја катализира овој ензим е хидролиза на фосфодиестерската врска на 3' или 5' крајот на полинуклеотидниот синџир. Спротивно на егзонуклеазата, ендонуклеазата е ензим кој врши кинење на фосфодиестерските врски во средината (ендо) на полинуклеотидниот синџир. Еукариотите и прокариотите имаат три вида на егзонуклеази кои учествуваат во нормалниот животен циклус на иРНК молекулите: 5' кон 3' егзонуклеаза (Xrn1), ензим кој учествува во отстранувањето на 5' капата на еукариотската иРНК; 3' кон 5' егзонуклеаза; и поли(A)-специфична 3' кон 5' егзонуклеаза.[1][2]
Кај aрхеите и еукариотите, еден од главните начини за деградација на РНК молекулите е со помош на мултипротеинскиот ексозомски комплекс, кој се состои главно од 3' кон 5' егзорибонуклеази.
Наводи
уреди- ↑ Mukherjee D; и др. (2004). „Analysis of RNA Exonucleolytic Activities in Cellular Extracts“. Springer Protocols. 257: 193–211. doi:10.1385/1-59259-750-5:193. ISBN 978-1-59259-750-5. PMID 14770007.
- ↑ Pamela A. Frischmeyer; и др. (2002). „An mRNA Surveillance Mechanism That Eliminates Transcripts Lacking Termination Codons“. Science. 295 (5563): 2258–61. Bibcode:2002Sci...295.2258F. doi:10.1126/science.1067338. PMID 11910109.
Надворешни врски
уреди- Егзонуклеази во Националната медицинска библиотека на САД, Medical Subject Headings (MeSH)