Евпорија (месечина)
месечина на Јупитер
Евпорија (старогрчки: Ευπορία) или Јупитер XXXIV — месечина на Јупитер. Откриена е од група астрономи од Универзитетот во Хаваи под водство на Скот Шепард во 2001 година и му била дадена привремената ознака S/2001 J 10.[1][2]
Евпорија има пречник од околу 2 километри и кружи околу Јупитер на просечна оддалеченост од 19.088 милиони киолемтри, правејќи круг за 538,78 дена со наклон од 145° кон еклиптиката (145° кон Јупитеровиот екватор) во спротивна насока со занесување од 0,096.
Месечината своето име го добила во август 2003 година по старогрчката божица на изобилството и една од хорите (со тоа и ќерка на Зевс) Евпорија.[3]
Евпорија е највнатрешната месечина од широкораспространетата Пасифаина група.
Наводи
уреди- ↑ Daniel W. E. Green (May 16, 2002). „IAUC 7900: Satellites of Jupiter“. International Astronomical Union.
- ↑ Brian G. Marsden (May 15, 2002). „MPEC 2002-J54: Eleven New Satellites of Jupiter“. International Astronomical Union Minor Planet Center.
- ↑ Daniel W. E. Green (8 август 2002). „IAUC 8177: Satellites of Jupiter, Saturn, Uranus“. International Astronomical Union. Архивирано од изворникот на March 27, 2012.