Евгенија Гранде
Евгенија Гранде — роман од францускиот писател Оноре де Балзак издаден во 1833. Балзак раскажува за пренесување на скржавоста од таткото на ќерката Евгенија, преку невозвратената љубов од нејзиниот братучед. Како и во останатите романи на Балзак, ликовите се претставени според нормите на реализмот.
илустрација од изданието во 1897 | |
Автор | Оноре де Балзак |
---|---|
Изворен наслов | Eugénie Grandet |
Земја | Франција |
Јазик | француски |
Серијал | Човечка комедија |
Издадена | 1833 |
Евгенија Гранде е дел од капиталното дело Човечка комедија, кое Балзак го осмислил додека го пишувал овој роман. Балзак во второто издание на Евгенија Гранде ревидирал некои од имињата на ликовите за го вклопи романот во Човечка комедија. Подоцна се испоставило дека книгата била инспирирана од Марија ди Фресно, љубовница на писателот, кој преку романот претставил дел од семејното стебло на Марија.[1]
Писателот Фјодор Михајлович Достоевски ја започнал својата кариера преведувајќи ја Евгенија Гранде на руски во 1843. Неколку филмови се снимени според романот.
Наводи
уреди- ↑ Eugénie Grandet New Yorker article by Donald Barthelme. Published 17 August 1968; Accessed: 26 January 2016.