Евангелие според Евреите

Евангелието според Евреите (грчки: τὸ καθ' Ἑβραίους εὐαγγέλιον, латински: Evangelium Hebraeorum) е изгубено евангелие кое е познато од текстовите на Црковните Отци. Според некои, станува збор за еврејското евангелие според Матеј. Јероним пишува дека голем број на еврејски хртистијани сметале дека оваа евангелие претставувало главен извор за создавањето на евангелието според Матеј.

Во времето кога живеел Јероним Стридонски (348-420) дадениот текст бил изгубен во библиотеката Цезарија Палестинска. Тој исто така пишува дека ова евангелие кои го користеле еврејските христијани, било преведено на грчки и латински. По однос на Евангелијата, евионититет го признавале само Евангелието според Матеј и тоа само еврејската верзија и истото било именувано како Евангелие според Евреите и сметано за додаток на еврејската Библија[1][2][3].

Според Никефор, делото се состоело од 2.200 редови, односно 300 помалку од канонското според Матеј кое денеска го познаваме. Епифантиј докажува дека евионитската верзија не го содржи полниот текст на Матеј. Денеска, оваа евангелие е познато само во фрагменти.

Оваа евангелие го содржи и проповедот на Исус околу богатите луѓе, кои треба да ја разделат својата храна и богатство со оние кои се бедни. Епифаниј Саламински кажува дека ебионитите го користат ова евангелие напишано на хебрејски јазик, и истото го нарекуваат Евангелие според Евреите. Епифаниј ги цитира зборовите на Исусоколу жртвувањето:

Дојдов за да го отфрлам жртвувањето, и доколку не престанете, гневот Божји никогаш нема да ве напушти

Наводи

уреди
  1. Hyam Maccoby (1987). The Mythmaker: Paul and the Invention of Christianity. HarperCollins. стр. 172–183. ISBN 0062505858., an abridgement
  2. James Tabor (2006). The Jesus Dynasty: A New Historical Investigation of Jesus, His Royal Family, and the Birth of Christianity. Simon & Schuster. ISBN 0743287231.
  3. Tabor (2006), p. 286, 289-291.