Електронски јавачи
Електронски јавачи или еРајдери (на англиски: еRiders, во превод еЈавачи) се мобилни консултанти што обезбедуваат техничка поддршка за граѓанските организации за оптимално искористување на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) како средство за поефикасно извршување на активностите и остварување на нивната мисија и цели.
Електронските јавачи се индивидуалци или мали групи кои волонтираат или работат во одредена област и имаат посебни практични способности и вештини, вклучувајќи ги тука информатичката технологија и способностите за советување и планирање.
Ерајдерите патуваат и ги посетуваат граѓанските организации помагајќи им при создавање на мрежни места, користење на интернет, создавање на е-мрежи и решавање на тековните проблеми од областа на ИКТ. Тоа им помага на оганизациите да ја пренесат својата порака, да ги анимираат граѓаните за учество во јавни дебати на релевантни теми, коалицирање и подобра помош за заедницата.
Надворешни врски
уреди- Електронски јавачи во Велика Британија.
- Меѓународно eRider движење.
- Блог на еРајдерите од Македонија.
Оваа статија технологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |