Душата пее
„Душата пее“ (полски: Dusza śpiewa) — полски филм од 1997 година во режија на Кшиштоф Зануси (Krzysztof Zanussi), кој е и автор на сценариото. Улогите ги играат: Јацек Лашковски (Jacek Laszczkowski), Марија Кошчалковска (Maria Koscialkowska) и Казимирж Корд (Kazimierz Kord). Филмот е дел од октетот „Викенд-приказни“ (Opowiesci weekendowe) во кој режисерот говори за поединците соочени со морални дилеми, преиспитувајќи ја современата полска стварност.[1]
Синопсис
уредиЕден оперски пејач, кој ја запоставил кариерата за да ги одгледа децата, добива голема прилика за настап со позната музичка куќа, која сака да го ангажира за телевизиски концерт. Но, можноста повтороно да се прослави е ставена под прашање, откако тој ќе настине по прошетката во текот на една дождлива вечер...