Дузина
Дузина — алтернативен збор за бројот дванаесет (12). Зборот доаѓа од латинскиот збор duodecim. Дузината е едно од најстарите примитивни групирања, веројатно заради тоа што месечината има околу дузина фази во една фаза на сонцето. Употребата на дванаесет како основен број, т.н. дуодецимален систем, веројатно започнала во Месопотамија. Дванаесет дузини (122 = 144) се нарекуваат грос. Дванаесет гроса (123 = 1,728) се нарекуваат маса, израз во употреба при испорака или купување на големо. Голема стотка е 120 или десет дузини (дузина за секој прст на обете раце).
Дузината е згодна бидејќи нејзините множители и множеници се згодни: 12 = 3 × 2 × 2, а 360 = 30 × 12. Во англо-американскиот свет пекарската дузина (наречена и долга дузина), е еднаква на тринаесет.