Друштвена мрежа

(Пренасочено од Друштвени мрежи)

Друштвеното вмрежување (англ. social networking) се заснова на создавање на виртуелни заедници најчесто засновани на определен мрежно место и алатките што ги нуди. Вакви заедници обично започнуваат така што група на основачи ќе ги поканат членовите на нивните кругови на пријатели и соработници да се приклучат. Новите членови го повторуваат процесот, со што го зголемуваат бројот на јазли и врски во мрежата. Мрежните места на ваквите друштвени медиуми обично нудат апликации како автоматско дополнување на адресари, јавни профили (поединечни мрежни места) на корисници, можност за формирање нови врски преку „сервиси за запознавање“.

Најпопуларните сајтови за друштвено вмрежување по земја
  QZone
  Нема податоци

Некои друштвени мрежи, го комбинираат поврзувањето преку интернет и со елементи надвор од него, како организирање настани и журки во кои членовите се среќаваат лице в лице. Така, „Мyspace“ е фокусиран на музика и филмови, а „Facebook“ на студентскиот живот. Поновите друштвени мрежи стануваат уште поспецијализирани, наоѓајќи ја својата публика во тематски „ниши“ како сликарство, тенис, фудбал, голф, па дури и козметичка хирургија.

Иако некои од нив се организирани врз основа на деловни контакти со рестриктивен пристап до некои од податоците, повеќето друштвени мрежи се јавни и дозволуваат било кому да се зачлени.

Најголемата исклучиво македонска друштвена мрежа е zapoznaj.se.

Надворешни врски

уреди