Дрво (скулптура во Скопје)
Дрво е бронзена скулптура кој птетставува симбиоза на дрво и човек. Таа е дело на авторот Дамјан Ѓуров, и е дел од проектот на Министерството за култура за разубавување на центарот на Скопје со 35 скулптури од 26 автори. .[1]
Скулптурата е изработена за помалку од шест месеци. Висока е шест метри и изработена е од бронза и мермер. Според авторот за неа има неколку концепти како што се човек дрво, човек како размислува и како би се чувствувал во природа, некое астрално чувство или некоја негова аура.
„Дрво“ е сместена до скулптурата „Заљубени“ од Димитар Филиповски, и е една од четирите скулптури што биле промовирани на 18 јануари 2009[2].
Наводи
уреди- ↑ „ИЗБРАНИ 40 РЕШЕНИЈА ОД КОНКУРСОТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА“. Премин. Посетено на 2011-07-26.
- ↑ „Промоција на скулптурата „Дрво" утре на плоштад „Македонија"“. Иди Види. 28 јануари 2009. Посетено на 2011-09-20.
„Дрво (скулптура во Скопје)“ на Ризницата ? |
Оваа статија споменик во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |