Дрангајекидл
Дрангајекидл (исландски: Drangajökull) — најсеверниот ледник во Исланд. Зафаќа површина од околу 160-200 км2 и се наоѓа во југозападниот дел од полуостровот Хорнстрандир на надморска висина од 925 метри. На ледникот се издигаат неколку врвови — „Хлјодабунга“, „Рејдарбунга“ и „Хролајфсборг“. Од неколикуте леднички јазици најпознат е „Калдалон“, со должина од пет километри. Снежната граница се наоѓа на 700 метри. Под Дрангајекидл се наоѓа изгасен вулкан.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Дрангајекидл“ на Ризницата ? |