Драгичевски сабор


Драгачевски сабор е годишен трубачки фестивал и фестивал на фолклорот и народното творештво кој се одржува во Гуча, во регионот Драгачево. Неколку стотини илјади посетители,[1] од Србија и странство, секоја година го посетува селото со неколку илјади жители. Во 2005 година, снимен е документарен филм за овој фестивал, Гуча!.

Драгачевски сабор
Споменик на трубач во Гуча
ЗачестеностСекоја година
Локација Србија Гуча, Србија
Првпат1961 година (1961 година)
Жанрмузички
Мрежно место
saborubaca.rs

Драгачевски сабор на трубачите во Гуча во 2020 година, по предлог на Центарот за култураи спорт на општина Лучани,[2] е вупишан на листата на Нематеријално културно наследство на Србија.[3]

Историја на саборот

уреди

Првиот Драгачевски сабор во Гуча започнал сосема скромно, кон средината на октомври 1961 година, кога учествувале четири оркестра. Го замислил долгогодишниот новинар на „Дуга“ и „ПолитикаБлагоје Блажа Радивојевиќ (1925 – 2016) година.[4] Голем придонес во осмислувањето на оваа приредба дал писателот Бранко В. Радичевиќ, кој на фестивалот му го дал името „Голем (народен) сабор ‘Од Овчари и Каблари’ („српски јазик:Велики (народни) сабор ‘Са Овчара и Каблара’“).

За фестивалот се заслужни и музичарите Миодраг Васиљевиќ, Предраг Радмилац, Драгољуб Јовашевиќ, Драгослав Девиќ, Живојин Здравковиќ, Боривоје Илиќ, Будимир Гајиќ, воениот музичар Миломир Милетиќ од Тијање и двајца Драгачевци, Властимир Лала Вујовиќ и Никола Ника Стојиќ.

По наговарање од страна на Бранко В. Радичевиќ, во популаризација на српската труба се вклучил и листот „Вечерње новости“, кој години подоцна продолжил да доделува „Златна труба“ на најпопуларниот трубач на Саборот.

Почнал да излегува и лис од Драгачевскиот сабор, во 1967 година под назив Драгачевски трубач. Цел на овој пишан медиум била повеќезначна. Меѓу другото да го чува сеќавањето и да ја популаризира оваа единствена, одамна веќе, меѓународна манифестација.

Домаќин на Драгачевскиот сабора во 2013 година бил Добрица Ериќ.[5] Драгослав Петровиќ во 2012 година на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш ја одбранил докторската дисертација под назив „Местото и дометот на Драгачевскио сабор во културното миље во Србија” („српски јазик:Место и домашај Драгачевског сабора у културном миљеу Србије”).[6]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „48. Sabor trubača u Guči | ZABAVA | AutoBrief.com“. Архивирано од изворникот на 7 март 2016. Посетено на 16 јуни 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „ДРАГАЧЕВСКИ САБОР ТРУБАЧА У ГУЧИ И ТРУБАШТВО УПИСАНИ У НАЦИОНАЛНИ РЕГИСТАР НЕМАТЕРИЈАЛНОГ КУЛТУРНОГ НАСЛЕЂА“. Нематеријално културно наслеђе Србије. Министарство културе и информисања РС и Етнографски музеј у Београду. Посетено на 28 ноември 2020.
  3. „ДРАГАЧЕВСКИ САБОР ТРУБАЧА У ГУЧИ“. Нематеријално културно наслеђе Србије. Министарство културе и информисања РС и Етнографски музеј у Београду. Посетено на 28 ноември 2020.
  4. Част и слава оснивачу Сабора у Гучи („Политика”, 9. новембар 2016)
  5. Недеља прође: Добрица Ерић, песник („Вечерње новости“, 11. август 2013)
  6. Први докторат на тему Сабора трубача у Гучи („Политика”, 14. август 2017)

Надворешни врски

уреди