Допенов шаренец
Допеновиот шаренец (Melitaea trivia) е пеперутка од семејството на шаренците.
Допенов шаренец | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Допенов |
Вид: | Допенов шаренец |
Научен назив | |
Допенов шаренец Denis & Schiffermüller, 1775[1] |
Опис
уредиПеперутката живее во Евроазија. За прв пат била опишана в 1775 година како Papilio trivia.[1]
Распонот на крилјата е од 15 до 23 мм. Горната страна на крилјата е портокалова. Рабовите се исшарани со бели точки. Во внатрешноста на крилјата има нерамни и разновидни црни линии и дамки со различма големина и форма. Телото е кафеавскасто-црно, а со слична боја се и антените. Долната страна на пеперутката е со различни ленти во кремаста и светлопортокалова боја. Забележителни се повторно црните дамки кои се со различна големина и форма.[2]
-
Melitaea trivia ♂
-
Melitaea trivia ♂ △
-
Melitaea trivia ♀
-
Melitaea trivia ♀ △
Подвидови
уреди- Melitaea trivia catapelia Staudinger, 1886
- Melitaea trivia caucasi Verity, 1922
- Melitaea trivia chorosana Shchetkin, 1984
- Melitaea trivia fascelis (Esper, 1783)
- Melitaea trivia ignasiti Sagarra, 1926
- Melitaea trivia nana Staudinger, 1871
- Melitaea trivia nativa Tuzov, 2000
- Melitaea trivia petri Shchetkin, 1984
- Melitaea trivia singularia Korshunov, 1995
- Melitaea trivia uvarovi Gorbunov, 1995[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Melitaea trivia“. funet.fi. Посетено на 5 February 2019.
- ↑ Seitz. A. in Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.