Донска Советска Република

Донска Советска Република (руски: Донская советская республика, Донскаја советскаја республика) — краткотрајна советска република на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република која постоела помеѓу март и мај 1918 година.

Донска Советска Република
Донская советская республика
Знаме
Местоположба на Don Soviet Republic
Главен градРостов на Дон
Уредување Советска република
Законодавство совет
Валута рубља

На територијата на Областа на донската војска, републиката е прогласена во март 1918 година по повлекувањето на Белата армија од областа. Во мај, по бунтот на донските козаци и германското напредување во регионот како резултат на Договорот од Брест-Литовск, републиката била соборена и нејзините водачи побегнале. Донската Република на донските козаци ја презела територијата на Донската Советска Република.

Историја

уреди

Донската Советска Република била прогласена на 23 март 1918 година со главен град во Ростов на Дон, на територијата на Областа на донската војска и дел од провинцијата Екатеринослав, откако се повлекле волонтерската армија и силите на донските козаци на Алексиј Каледин. Помеѓу 9 и 14 април, регионален конгрес на советите избрал Централен извршен комитет од 26 болшевици и 24 леви социјалистички револуционери за републиката. Комитетот го формирал Совет на народни комесари (Совнарком), кој бил предводен од црвениот козак Фјодор Под Pолков. Исто така, бил формиран и вонреден штаб на чело со Серго Орџоникидзе за организирање на одбраната на републиката.[1]

Донската Советска Република почнала да ја губи поддршката како резултат на нејзините побарувања за храна и погубувањата на осомничените контрареволуционери. Во април започнал општ бунт на донските козаци и од 1 мај германските трупи исто така влегле на нејзината територија како резултат на Договорот од Брест-Литовск. Донските козаци предводени од Петар Краснов го зазеле Ростов на Дон, кој тогаш бил окупиран од германските трупи, на 6 мај. Водачите на републиката побегнале во Царицин, но Подтиолков бил заробен и погубен од донските козаци. Донската Република тогаш ја презела контролата врз територијата на Донската Советска Република.[1] Донската Советска Република, сепак, официјално не била укината од советската влада до септември, бидејќи нејзините водачи останале во Царицин.[2]

Наводи

уреди

Цитати

уреди
  1. 1,0 1,1 Smele 2015.
  2. Holquist 2002.

Библиографија

уреди
  • Holquist, Peter (2002). Making War, Forging Revolution: Russia's Continuum of Crisis, 1914-1921. Cambridge, Massachusetts: Harvard University Press. ISBN 9780674009073.
  • Smele, Jonathan D. (2015). Historical Dictionary of the Russian Civil Wars, 1916-1926 (англиски). London: Rowman & Littlefield. ISBN 9781442252813.