Дона Керол (пејачка)

 Дона Керол (родена на 28 мај 1938 - починала на 31 март 2020) — аргентинска џез пејачка и глумица.

Живот и кариера

уреди

Линда Рене Абади родена во Буенос Аирес, во средината на шеесеттите,таа победила на аудицијата за Канал 11 и добила улога во музичкото шоу Шоу 90, што и дало непосредна популарност. Откако ја зајакнала својата популарност благодарение на учеството во други емисии и на многу популарниот џингл што го снимила за Ганисија вермут, во 1966 година го снимила својот прв албум, Сол де Медианоче. Во текот на нејзината кариера снимила песни на шпански, англиски, француски, италијански и португалски и снимила албуми во Франција, Шпанија и Порторико. Била и сценска актерка, специјализирана за музички комедии. Таа добила неколку награди, вклучувајќи ги Премио Мартин Фиеро и наградата Конекс.

По неуспешниот брак со арапски бизнисмен,[1]таа била во брак од 1966 година до нејзината смрт со гитаристот и композитор Оскар Лопез Руиз,со кого често соработувала на сцената и на снимките. Таа починала на 81-годишна возраст од срцев удар.

Наводи

уреди
  1. „Donna Caroll: "Tuve una infancia muy dura". Clarín (шпански). 12 June 2010. Посетено на 6 January 2022.