Донас
Ридот Донас се наоѓа во Полска, во регионот Померанија, во границите на градот Гдиња, област Даброва. Има два врва, од кои западниот е повисок и изнесува 206,5 метри и целосно е пошумен, а на источниот врв кој изнесува 205,6 метри, се наоѓа GSM кулата.[1] Во март 1945 година се случила битка меѓу Црвената армија и Германците. На врвот била подигната GSM кулата (Idea-Donas tower 2004), со тераса за посетители од 232 метри надморска височина. Погледот ги опфаќал Гдањск, Гдиња, заливот Гдањск, полуостровот Хел и планината Виезика, највисока во регионот Померанија. Во близина се наоѓаат старите и напуштени гробишта што му служеле на селото Колонија Чвашчињска.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Tomasz Larczyński (2022). 10 szczytów najwyższych dzielnic Trójmiasta. Korona Trójmiasta cz. 6.
Надворешни врски
уреди„Донас“ на Ризницата ? |
54°28′10″N 18°26′14″E / 54.46944° СГШ; 18.43722° ИГД54°28′10″N 18°26′14″E / 54.46944° СГШ; 18.43722° ИГД