Отоманско-персиска војна (1578-1590)

Отоманско-персиската војна се водела во периодот од 1578 до 1590 година меѓу Османлиското Царство и Сафавидско Царство, двете најголеми сили на Блискиот Исток, за контрола над регионот на Кавказ и Касписко Море[1]. Воените дејствија биле предводени од страна на Мохамед Ходабанда и Абас I кај Персијците и Мурат III кај Османлиите.

Отоманско-персиска војна 1578–1590
Дел од Отоманско-персиски војни
Датум 1578–1590
Место Месопотамија (Ирак), Кавказ
Исход Османлиска победа, Договор од Цариград
Завојувани страни
Сафавидско Царство  Османлиско Царство
Команданти и водачи
Мохамед Ходабанда
Абас I
Османлиско Царство Мурат III
Лала Кара Мустафа-паша
Синан-паша

Конфликтот започнал од страна на Османлиите чија цел била зазимање на Азербејџан и Кавказ. Војната продолжува неколку години при кое Отоманското Царство ги зазела Тифлис во 1578 година, Карс и Тебриз во 1585 година а како резултат на војната Грузија станала вазал на Османлиското Царство[2]. Оваа победа го отворила патот на империјата кон Азербејџан, Кавказ и Касписко Море.[3]

На 21 март 1590 година бил склучен мировен договор, според кој Персија ги признала османлиските освојувања. Таа се обврзила да ја прекине шиитската пропаганда на територијата на Османлиското Царство и истовремено да престане со гонењето на сунитите на сопствена територија[3].

Отоманско-персиската војна привремено ги дислоцирала османските интереси во друга насока. Во овие години Отоманското Царство била сојузник на Франција во Осумдесетгодишната војна. Овој факт е интересен од гледна точка на создадените односи меѓу протестантството и исламот.

Позадина уреди

Границата помеѓу Османлиското Царство и државата на Сефевидите била воспоставена во 1555 година со Амасинскиот мир. Во 1576 година починал персискиот шах Тахмасп I. Исмаил II своето владеење го започнал со убивање на своите шест браќа. Во 1577 година тој самиот бил убиен како резултат на заговор. Новиот шах бил полуслепиот и слабиот Мохамед Ходабанда. Тој немал сила да ја обедини својата моќ, а Персија во практика била поделена на делови од емирите на различни племиња. За една година, емирите ги купиле сите богатства кои Тахмасп ги имал акумулирано во текот на 53 години. Во земјата започнале големи немири.

Од друга страна пак кај Османлиите се појавиле несогласувања во воска со источната граница. Големиот везир Мехмед-паша Соколовиќ се противел за војна кон Персија бидејќи стравувал од снабдувањето на армијата и големите трошоци. Тој имал и големи непријатели и неговото залагање пропаднало, а за водач бил избран Лала Мустафа-пашаи Коџа Синан-паша. Но овие двајца се покажале како неспособни да соработуваат па Коџа бил сменет. Лала-паша пак по победата очекувал да стане голем везир на местото на Мехмед-паша Соколовиќ.

Текот на војната уреди

Османлиската армија била испратена по море во Трабзон, а потоа по копно во Ерзурум, претварајќи го градот во воена база. Во текот на летото на 1578 година воените дејствија започнале. Сефевидите и зависните од нив кнежевства се наоѓале во толку лоша состојба што османлиските војски лесно поминале низ цела Грузија, го освоиле Тифлис, а кон крајот на летото окупирале делови од Ширван. Османлиите биле толку уверени во успехот што на територијата на Ширван била формирана нова отоманска провинција, на чело на која бил поставен Осман-паша. Во соработка со Татарите, тој успеал да го задуши отпорот на месното население и сефевидските војници, но неговите врски со османлиските војски во Тифлис биле прекинати. Осман-паша морал да го напушти главниот град на покраината и да зимине со војската во Дербент.

Оставајќи го во Истанбул својот непријател Коџа Синан, Лала Мустафа-паша направил фатална грешка. Кога во 1579 година Мехмед-паша Соколовиќ бил убиен од дервиши, неговото место било окупирано од вториот везир, Семиз Ахмед-паша, а Коџа Синан станал трет везир. Семиз Ахмед го повикал Лала Мустафа од фронтот и на негово место го назначил Коџа Синан, а Лала Мустафа станал втор везир. Мустафа сепак сакал да стане голем везир кога Семиз Ахмед починал по неколку месеци. Коџа Синан успеал да го спречи тоа и во август 1580 година, откако во текот на три месеци должноста Голем везир била празна, таа била заземена од Коџа Синан. Набргу потоа починал и Лала Мустафа.

Кога во ноември 1580 година Коџа Синан-паша пристигнал во Ерзурум, Сефевидите молеле за мир. Коџа Синан се вратил во Истанбул, сметајќи дека воените дејствија се завршени. Всушност, борбените дејства во Грузија продолжиле и тоа го попречило склучувањето на мировен договор.

По неколку месеци Коџа Синан бил разрешен од функцијата и на негово место бил назначен вториот везир, Сијавуш-паша. Кога тој станал голем везир Отоманското Царство се обидела да го заземе Кавказ трајно. Биле создадени четири провинции и биле изградени голем број на тврдини.

Наводи уреди