Договор во Бахчисарај

Договорот од Бахчисарај бил склучен помеѓу Царство Русија и Отоманското Царство во 1681 година. Со договорот бил ставен крај на Руско-турската војна (1676-1681).

Договор од Бахчисарај

1676
Потпишан3 јануари 1681
МестоБахчисарај
Потписници Османлиско Царство
Русија Царство Русија

Според договорот, двете страни се согласиле на 20-годишно примирје, а реката Днепар била прифатена како гранична линија меѓу двете земји. По потпишувањето на договорот, Ногалските орди го задржиле правото да живеат како номади во јужниот дел на Украина, а Козаците го задржале правото на риболов на реките Днепар и нејзините притоки. Султанот го признал суверенитетот на Царство Русија додека јужниот дел од Украина останал под османлиска управа. Но и покрај овој договор, Русија се приклучила кон европската коалиција која била создадена против Османлиското Царство во 1686 година.