Добар ветар, Сина птицо
„Добар ветар, Сина птицо“ (српскохрватски: Добар ветар, Плава птицо) — југословенско-советски филм за деца од 1967 година, во режија на Михаил Ершов. Сценариото го напишале Станислава Борисављевиќ, Федор Шкубоња и Јуриј Принцев, а по истоимениот роман на Берислав Косиер. Главните улоги ги играат: Борис Амарантов, Деметер Битенц, Радмила Караклајиќ и Витали Доронин. Премиерата на филмот била одржана на 7 декември 1967 година.[1][2]
Синопсис
уредиВо филмот се прикажуваат доживувањата на припадниците на различни народи, победници на меѓународниот конкурс по географија, а кои пловат со едреникот „Сина птица“ по Јадранското Море. Меѓу децата се развива пријателство, а како резултат на тоа се и сложните постапки во сите опасни состојби со кои се соочуваат за време на пловидбата.