Дијабло
Дијабло (шпански: Mas Sabe el Diablo) — американска теленовела од 2009 до 2010 година од Телемундо.[1]
Диабло | |
---|---|
Жанр | теленовела |
Создадена од | Химена Ромеро Лина Урибе |
Улоги | Хенкарлос Канела Габи Еспино Мигел Варони Карла Монрој |
Земја на потекло | САД |
Првичен јазик | шпански |
Бр. на епизоди | 182 |
Производство | |
Извршен продуцент(и) | Аурелио Валкарсел Карол |
Времетраење | 42–54 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Телемундо |
Првично прикажување | 25 мај 2009 – 12 февруари 2010 |
Мрежна страница | msnlatino.telemundo.com/novelas/mas sabe el diablo |
Глумечката екипа е составена од Хенкарлос Канела, Габи Еспино, Мигел Варони и Карла Монрој.[2]
Синопсис
уредиПред 20 години, младата слугинка Есперанса Салвадор, добива дете од синот на семејството на чиј мексикански имот таа работи. Семејството Асеро, поготово мајката Грациела, бременоста воопшто не ја одобрува, па ја носи Есперанса во клиника за абортуси. Девојката успева да побегне, добива виза и се сели во Мајами, за да може да биде поблиску до такото на детето, Мартин, кој живее во Њујорк. Доаѓањeто во големиот град, ќе и зададе нови проблеми посебно кога таа ќе биде нападната и ограбена, а на тие маки, таа го пораѓа Анхел. Години подоцна, њујоршките улици се втор дом за снаодливиот Анхел, кого сите во квартот го знаат како Ѓаволот. Заради своите вештини во крадењето, и покрај своето добро срце, тој станува член на криминалното друштво кои се специјализирани за големи кражби, со што подоцна ќе плати и со затворска казна. Така ја запознава адвокатката Мануела Давила, привлечна девојка која не ни помислува дека симпатичниот криминалец за чија слобода се бори, ќе и го смени животот. После излегувањето од затвор, Анхел е одлучен да започне нов живот, што подалеку од криминалот и кражбите, но дознава дека неговата мајка му е должна на Леон Белтран, шеф на бандата за којапред тоа работеше. Криминалецот и ги платил болничките трошкови на Есперанса додека Анхел бил затворен, а единствен начин за враќање на долгот е повторно да биде дел во кражбата за време на една добротворна забава. На забавата, Анхел и Мануела повторно се среќаваат, а симпатиите од двете страни би можеле да влијаат врз нејзината одлука, дали да се омажи за Мартин или не, кој воедно е татко на Анхел.
Улоги
уредиГлумци | Ликови |
---|---|
Хенкарлос Канела | Анхел Салвадор |
Габи Еспино | Мануела Давила |
Мигел Варони | Мартин Асеро |
Карла Монрој | Вирхинија Давила |
Хорхе Луис Пила | Џими Кардона |
Хосе Гијермо Кортинес | Освалдо Гера |
Карлос Камачо | Орарио Гарсија |
Леонардо Даниел | Анибал Давила |
Анхелин Монкајо | Марина Суарез |
Мишел Варгас | Перла Белтран |
Ева Тамарго | Аријана Давила |
Наводи
уреди- ↑ Hayes, David (12 May 2008). "Telemundo teams on telenovela". Variety, Monday, 12 May 2008. Retrieved on 2009-09-23 from https://variety.com/2008/scene/markets-festivals/telemundo-teams-on-telenovela-1117985497/.
- ↑ Huff, Richard (12 May 2008). "Telemundo touts new brand of telenovela: Now with product placement". New York Daily News, Tuesday 12 May 2008. Retrieved on 2009-09-23 from http://www.nydailynews.com/entertainment/tv/2008/05/13/2008-05-13_telemundo_touts_new_brand_of_telenovela_.html.