Дисконтна политика

Дисконтната политика — една од најтрадиционалните инструменти на монетарната политика. Со неа, централната банка ги одредува условите под кои ги кредитира комерцијалните банки. Всушност, централната банка ја користи каматната стапка како техника со која управува со побарувачката за пари со цел да се обезбеди ефикасна алокација на ресурсите и да се постигне внатрешна и надворешна стабилност на економијата.[1] Основна претпоставка за да може овој инструмент да функционира е да постои голема зависност на депозитните банки од кредитите на централната банка. Доколку комерцијалните банки не позајмуваат пари од централната банка, во тој случај примената на овој инструмент не би ги дала посакуваните резултати. Поради тоа, овој инструмент е особено значаен во земјите каде финансиските пазари не се добро развиени, односно земјите кои се на понизок степен од својот развој. Во високоразвиените земји, овој инструмент има секундарна улога.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Љупчо Трпески, „Монетарна економија“, Скен поинт, Скопје, 2010, стр.243-244.