Дисаѓи
Дисаѓи се корпи, торби, кутии или слични садови, кои се носат во чифт или префрлени врз грбот на добиток или закачени на страните на велосипед или мотоцикл.
Дисаѓи поставени на животни
уредиТрадиционалните дисаѓи користени во превоз со добиток обично се направени од платно, кожа или плетени . Модерните дисаѓи може да бидат правоаголни кутии од тврда пластика. Дисаѓите се ставаат на таков начин што масата на товарот рамномерно се распределува на двете страни на животното. За товарање на коњи, и кога носат особено тешки товари на други животни, тие се поддржани од седлото или самарот за порамномерно распределување на масата на товарот по грбот на животното. Во некои случаи, дополнителни предмети се ставаат на задниот дел на животното, помеѓу дисаѓите.
Дисаѓи за велосипеди
уредиПостојат многу видови на дисаѓи за велосипеди. Дисаѓите за патување со велосипед обично се продаваат во парови, наменети да носат доволно опрема за самоодржливи тури во траење со денови или недели. Највообичаеното поставување е да се користат чифт помали дисаѓи (од 10 l до 15 l секоја) ниско монтирани на предниот багажник на велосипедот и пар поголеми на задниот багажник (од 20 l до 30 l секоја).
За ние кои велосипедот го користат за извршување на секојдневни обврски постојат дисаѓи конструирани да носат лаптоп компјутери, папки со документи, облека за пресоблекување или обувки и оброк. Има и дисаѓи кои се претвораат во ранци или чанти за рамо за полесно носење кога не се користат на велосипед. [1]
Дисаѓите конструирани наменски за користење на велосипед биле патентирани од Џон Б. Вуд од Камден, Њу Џерси, во 1884 година. [2] Хартли Алеј конструирал чанта за монтирање на велосипедски управувач и друг велосипед багаж што ги произведувал и продавал под марката Touring Cyclist во 1970-тите па сè до неговото пензионирање во 1984 година.
Изработка
уредиДисаѓите за велосипеди обично се направени од најлон или друга синтетичка ткаенина што може да се шие, или, во случај на водоотпорни дисаѓи, да се заварува.
Со оглед на тоа што велосипедите често се возат на дожд, многу дисаѓи се направени за сами по себе да бидат водоотпорни. Други вклучуваат вградени или посебни прекривки за дожд како дополнителна опрема. Обликот на дисаѓите може да се биде зацврстен со рамка или зацврстувачка плоча изработена од пластика или метал за да се одржува на место и да се спречи да дојде во контакт со тркалото.
Дисаѓите обично се направени за да се прицврстат на задниот багажник или предниот багажник кои се веќе монтирани на поставена на велосипедот. Отстранливите дисаѓи се закачуваат на горниот раб на решетката и често се држат на место со еден вид брава или еластичен механизам.
Дисаѓи за мотоцикл
уредиДисаѓите за користење на мотоциклите се генерално тврди кутии со капаци, направени од метал или тврда пластика. Ваквите дисаѓи може трајно да се фиксираат на мотоциклот но може и да се вадат. Меките торби може да бидат од кожа или платно, обично без постојани држачи.
- Преглед на возење велосипед
- Обрачи (облека)
- Дисаѓи (торби)
- ↑ 13 Convertible Backpack Panniers That Can Be Strapped to Your Back or Bike
- ↑ J.B. Wood, "Saddle-Bags for Bicycles," US 299609 , issued 3-Jun-1884.
Надворешни врски
уредиПредлошка:Horse equipmentПредлошка:Bike equipmentПредлошка:Motorcycle components