Директиви за еднаков третман на ЕУ
Директиви за еднаков третман се дел од политичкиот систем на Европската унија. Овој систем се состои од низа договори, како што се договорите од Париз и Рим во 1950-те до договорите од Мастрихт, Аместердам и Ница, склучени во 1990-те. Овие договори го сочинуваат она што е познато како „примарна” законска регулатива. Од нив произлегува големото тело на „секундарна” законска регулатива, која се состои од регулативи, директиви и препораки. Директивите на Европскиот совет се легислативна рамка која државите членки или аспиранти за членство во Унијата треба задолжително да ги транспонираат во своите законодавства. Со нив се проширува обемот на принципите за еднаков третман на жените и на мажите (кои првобитно биле засегнати само од платата, во Договорот од Рим), воведувајќи ги принципите за еднаков третман на жените и на мажите кон пристапот за вработување, стручното образование и унапредување, работните услови, законските одредби за социјално осигурување, заштитата кај бременоста и мајчинството.[1]
Белешки
уреди- ↑ „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |