Директен мејлинг/пошта претставува реклама упатена лично на потрошувачите преку пошта. Може да биде персонализирана и таргетирана со голема точност и резултатите се подложни на прецизни мерења.[1]

Маркетингот по пат на доставување на производите по пошта вклучува испраќање на писма, реклами, примероци, летоци и други “продавачи со крилја” кои им се испраќаат на потенцијалните клиенти, кои се наоѓаат во имениците. Имениците се развиваат од листите на клиенти или се добиваат од центрите кои обезбедуваат имиња на луѓе кои одговаратт на речиси секаков опис- супербогати, ветеринари, сопственици на домашни миленичиња, купувачи од каталог итн.

Директната продажба по пошта овозможува висока селективност на целиот пазар, може да биде персонализирана, таа е флексибилна и овозможува лесно мерење на резултатите преку броење на одговорите што фирмата ги добива и утврдување на вредноста на тие договори за бизнисот.

Предности на директниот мејлинг

уреди

Директниот мејлинг има неколку предности пред останатите облици на комуникација, а тоа се:[2]

  • Персоналност- директниот мејлинг се испраќа на име и презиме, што претставува начин на којшто пораката не е можно да се испрати преку стандардните медиуми ( Телевизија, принт, радио, "оутдоор")
  • Прилагодливост- мејлингот може да се персонализира според поединците или групите
  • Таргетираност- комуникација кон точно одредени сегменти
  • Директност- пораката во мејлингот не се “натпреварува” со останатите пораки како што тоа е во стандардните медиуми затоа што пораката која ја испраќате преку овој медиум, во моментот на нејзиниот прием е единствена и не постои страв дека ќе ја засени пораката на конкуренцијата или која било друга порака
  • Флексибилнот и креативност- директната пошта нема ограничување на форматот, тежината, обликот и како таков ги овозможува сите форми на комуникација и неограничена креативност
  • Комплементарност- како дел од интергрираната комуникација овозможува личен пренос на пораката до целната група која веќе е изложена на брендинг, особено ако се работи за “мејлинг” кој бара ангажираност на примателите.
  • Трајност- директната пошта, особено ако е создадена на интересен начин, може да остане во близина на примателот многу подолго од останатите средства на комуникација, а со тоа на тој начин со нив во допир можат да бидат и голем број на луѓе. Директната пошта многу често се отвора со љубопитност и на тој начин добиваме потполно и фокусирано внимание, за да на крај добиеме емоционален интензитет кој не постои кај другите медиуми.

Наводи

уреди
  1. Filip Kotler, Marketing Management: Analysis, planning and control, Prentice Hall, 2003
  2. http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=10&articleId=604