Динамизам на фудбалер (слика)
Динамизам на фудбалерот е футуристичка слика во масло од 1913 година на италијанскиот уметник Умберто Бочони (1882–1916). Сликата се чува во Музејот на модерна уметност во Њујорк.
WLA moma Umberto Boccioni Dynamism of a Soccer Player 1913.jpg | |
Творец | Умберто Бочони |
---|---|
Година | 1913 |
Димензии | 193.2 см × 201 см |
Место | Музеј на модерна уметност, Њујорк |
Анализа
уредиСликата прикажува дематеријализиран фудбалер. Телото на спортистот се гледа во центарот на сликата, а околу него се гледаат другите делови од неговото тело. Поради употребата на живописни нијанси кои се поделени на делови, сликата дава впечаток дека зраците на светлината ја осветлуваат темата.[1] Со употребата на проѕирни и непроѕирни облици што се преклопуваат во сликата се прикажува и кубистичко влијание.[2] Сликата Динамизмот на фудбалерот го демонстрира следниов принцип претставен во футуристичката слика на Бочони: Технички манифест, што значи декаː „За да насликате човечка фигура не смеете само да ја насликате; морате да ја направите целата нејзина атмосфера во околината... движењето и светлината ја уништуваат материјалноста на телата“.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Umberto Boccioni. Dynamism of a Soccer Player. 1913“. MoMA. Архивирано од изворникот на September 21, 2019. Посетено на September 21, 2019.
- ↑ „Dynamism of a Soccer Player by Umberto Boccioni“. galleryIntell. Посетено на September 21, 2019.
- ↑ „Dynamism of a Soccer Player“. MoMA. Посетено на September 21, 2019.