Димитар Раев
Димитар Раев бил кмет на Трново од 1925 до 1928 и областен управител на Скопје за време на бугарската окупација помеѓу 1941 и 1944.
Димитар Раев | ||
Роден | 26 мај 1894 Стражица, Велико Трново, Кнежевство Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 1945 Скопје, Демократска Федерална Македонија |
Масакр во Ваташа
уредиБугарскиот фашистички окупатор, имајќи сознанија за активноста на партизаните и партиската организација од селото Ваташа презема низа мерки за да го спречи тоа движење. За таа цел од Скопје во Ваташа бил испратен бугарскиот обласен директор Димитар Раев. Имајќи предвид дека ја губи контролата врз безбедноста во овој крај тој се одлучил да преземе безмилосна и крвава акција. Во оваа акција се вклучени Велешкиот, Битолскиот и Прилепскиот полк, граничните единици од Конско и Мрежичко, сите полициски сили од Тиквешијата и Гевгелиско, специјалниот полициски одред од Скопје на чело со Борис Жуглов, а сите тие биле под команда на злогласниот бугарски полковник Љубен Апостолов.
По војната, Димитар Раев бил осуден на смрт во Скопје и бил стрелан.