Димитар Бабев (Роден во Влахи, Пиринска Македонија, Бугарија) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]

Димитар Бабев
Роден Влахи, Пиринска Македонија, денеc Бугарија
Националност Македонец

Животопис

уреди

Димитар бил близок роднина на Герасим Тодоров. Бил посветен јатак од доверба на илегалната чета на Герасим Тодоров. Во време на блокадата и тој станал член на илегалната чета. Бил осуден на доживотен строг и темничен затвор. Во логорите на смртта поминал повеќе од четиринаесет тешки години.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 33.