Димитар Љоровски Вамваковски
Димитар Љоровски Вамваковски (Скопје, 12 декември 1981) — македонски историчар и професор во Институтот за национална историја — Скопје. Неговиот научен интерес првенствено е насочен кон историјата на Балканот во доцноосманлискиот период, со посебен осврт кон историјата на Грција во XIX и почетокот на XX век, грчката политика кон османлиска Македонија и Македонското револуционерно националноослободително движење.[1]
Животопис
уредиДимитар Љоровски Вамваковски е роден во 1981 година, во Скопје, Р Македонија. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје во 2005 година. Во 2009 година се вработил во Институтот за национална историја - Скопје како помлад асистент. Магистрирал 2009 година, а докторската дисертација ја одбранил 2013 година, кога бил избран за доцент. Во 2016 бил избран за вонреден професор.
Библиографија
уредиДо 2017 година има објавено две монографии и околу 40 научни статии и голем број публицистички текстови. Има учествувано и на голем број научни симпозиуми и конференции.[2]
- Политичката реалност и изумирањето на митот за Давид и Голијат: Македонија и Грција на Балканот. Скопје, 2014 година.
- Германос Каравангелис: Грчката пропаганда во Костурската епархија (1900-1903). Скопје, 2017 година.
Наводи
уреди- ↑ Институт национална историја, Скопје. „ИНИ“. www.ini.ukim.mk. Архивирано од изворникот на 2020-09-26. Посетено на 2017-12-08.
- ↑ „Dimitar Ljorovski Vamvakovski | Institute of National History, Skopje, Republic of Macedonia - Academia.edu“. ini.academia.edu (англиски). Посетено на 2017-12-08.