Дилема на доброволецот
Играта на дилема на доброволецот претставува ситуација во која секој од X број на играчи се соочува со одлука, или да направат мала жртва од која сите ќе имаат корист или да не преземи ништо и да ужива во туѓата жртва.
Еден пример е сценарио во кое електричната енергија ја снема за целото соседство. Сите жители знаат дека компанијата за електрична енергија ќе го реши проблемот сè додека барем едно лице ги повика да ги извести, по некоја цена. Ако никој не се пријави за доброволец, најлошиот можен исход се добива за сите учесници. Ако некое лице избира да биде доброволец, останатите имаат корист од тоа да не волонтираат.[1]
Јавното добро се произведува само ако барем едно лице доброволно плати произволна цена. Во оваа игра, набљудувачите одлучуваат независно дали да се жртвуваат за доброто на групата. Бидејќи волонтерот не добива корист, постои поголем поттик да чека некој друг да се жртвува за групата. Ако никој не волонтира, сите губат. Социјалните феномени: ефектот на набљудувачот и дифузијата на одговорноста во голема мера се поврзани со дилемата на волонтерот.
Матрица за исплата
уредиМатрицата за исплата за играта е прикажана подолу:
најмалку едно лице соработува | сите други дефект | |
---|---|---|
соработува | 0 | 0 |
дефект | 1 | -10 |
Кога дилемата на волонтерот се одвива помеѓу двајца играчи, играта добива лик на играта "кукавица". Како што се гледа од матрицата на исплата, во дилемата на доброволецот не постои доминантна стратегија. Во мешана стратегија на Неш еквилибриум, зголемувањето од N играчи ќе ја намали веројатноста дека барем едно лице доброволно ќе се пријави, што е резултат на ефектот на набљудувачот.
Примери од реалниот живот
уредиУбиството на Кити Џеновезе
уредиПриказната за Кити Џеновезе често се наведува како пример за дилемата на доброволецот. Џеновезе беше прободена до смрт пред нејзината станбена зграда во Квинс, Њујорк, во 1964 година. Според многу влијателна репортажа на Њујорк тајмс, десетици луѓе биле сведоци на нападот, но не се вмешале, бидејќи мислеле дека другите ќе контактираат со полицијата и не сакале да направат лично да се инволвираат.[2] Последователните истражувања покажаа дека оригиналната репортажа е неоснована, и иако инспирираше здрави научни истражувања, неговата употреба како симплистичка парабола во учебниците по психологија е критикувана.[3]
Меркатот
уредиМеркатот ја прикажува дилемата на доброволецот во природата. Една или повеќе меркати дејствуваат како стражари, додека другите бараат храна. Доколку се приближува грабливецот, стражарскиот меркат изведува предупредувачки повик, па другите можат да се закопаат на сигурно. Сепак, алтруизмот на оваа меркат го става на ризик да биде откриен од предаторот.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Poundstone, William (1993). Prisoner's Dilemma: John von Neumann, Game Theory, and the Puzzle of the Bomb. New York: Anchor Books. ISBN 0-385-41580-X.
- ↑ Weesie, Jeroen (1993). „Asymmetry and Timing in the Volunteer's Dilemma“. Journal of Conflict Resolution. 37 (3): 569–590. doi:10.1177/0022002793037003008. JSTOR 174269.
- ↑ Manning, R.; Levine, M; Collins, A. (September 2007). „The Kitty Genovese murder and the social psychology of helping: The parable of the 38 witnesses“. American Psychologist. 62 (6): 555–562. doi:10.1037/0003-066X.62.6.555. PMID 17874896.