Дибиле или Дибле е турски десерт (со потекло од полуномадските Јуруци ) од областа на Измир, направен од тенко тесто. Тие се во суштина исти како ангелските крилја, освен што се потопуваат во сируп наместо да се служат суви. Тестото се расукува на долги, тенки ленти, се пржи на врело масло и се потопува во сируп од пекмез, шеќер или мед.[1][2]

Дибиле може да се прави во различни форми, од кои најзастапени се машничките и спиралите. Дибиле е типичен десерт во Измир и се служи на свадби и на рамазан.

Друга форма од овој десерт користи железен калап натопен во дибиле тесто и пржен во масло за јадење додека дибиле не се одвои од калапот. Се прелива со сируп, мелени ореви и цимет.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Dible Tatlısı Tarifi“. Nefis Yemek Tarifleri (турски). 2015-02-12. Посетено на 2021-04-15.
  2. yonetici (2015-01-21). „Dibile Tatlısı“. Annem Mutfakta (турски). Посетено на 2021-04-15.
  3. Mynet. „300 yıllık geçmişi olan tatlı: Dibile tarifi ve yapılışı“. Yemek | Yemek Tarifleri | Türk Mutfağı | Dünya Mutfağı (турски). Посетено на 2021-04-15.

Надворешни врски

уреди
Надворешни видеоснимки
  DİBİLE TATLISI
  Yörük Tatlılarından "Dibile" Tarifi Ümmühan Teyze