Дејзи Џонс енд Д сикс (роман)

Дејзи Џонс енд Д сикс е роман од жанрот историска фикција на американската авторка Тејлор Џенкинс Рејд, првично објавен на 5 март 2019 година од Балантајн Букс.[1] Во овој роман се раскажува приказната за бенд од 1970-тите каде секој од членовите дава индивидуално интервју до моментот на нивното нивното последно шоу и последователно распаѓање како бенд. Делумно е инспириран од Флитвуд Мек и снимањето на нивниот албум Гласини од 1977 година.[2]

Структура на романот

уреди

Дејзи Џонс енд Д сикс е напишана во формат на усна историја, а водечката сила на романот се интервјуа со членовите на бендот. Дополнително,содежи релевантна е-пошта, текстови на песни и транскрипти.[3] Секој дел е поделен според години кои содржат критични настани за успехот на бендот и конечно до нивното распаѓање.

Заплет

уреди

Романот започнува со репортер, непознат за читателот, кој собрал видео интервјуа од бендот, како и снимки кои семејството и пријателите ги направиле низ годините, транскрипти од интервјуа, текстови од книги напишани за бендот и други релевантни извори, со цел да открие како еден бенд успешен како Дејзи Џонс енд Д сикс се распаднал.[3][4]

Заднина

уреди

Овој роман бил делумно инспириран од Флитвуд Мек и романсата помеѓу Стиви Никс и Линдзи Бакингем. Рејд бсе инспирирала откако гледала изведба на Флитвуд Мек од 1997 година на MTV. Сметала дека се уште се заедно откако видела како се гледаат.[5]

„[Ми] изгледаше толку многу како двајца заљубени луѓе. А сепак, никогаш нема вистински да дознаеме што било меѓу нив. Сакав да напишам приказна за тоа, за тоа како границите помеѓу реалниот живот и перформансот може да се заматат, за тоа како пеењето за старите рани може да ги одржува тие рани свежи“.[5]

Изданија

уреди

Романот Дејзи Џонс енд Д сикс бил издаден во тврд повез на 5 март 2019 година, од Балантајн Букс. До 2023 година, тој бил достапен во мек повез,како аудиокнига, Киндл (електронско издание), и како ТВ-врзано издание. Дејзи Џонс енд Д сикс е исто така преведена на шпански, португалски, германски, француски, полски, дански, италијански, турски, холандски, бугарски, литвански, чешки, шведски, фински, романски, српски, хрватски, хебрејски, руски, унгарски, словачки, грчки, словенечки, естонски, норвешки и латвиски.

На македонски бил издаден во 2020 година од издавачката куќа Арс Ламина.

Прием

уреди

Книгата добила позитивни критики. „Њујорк тајмс“ ја нарече „најсофистицираниот и најамбициозен роман на Рејд“.[6]

Телевизиска адаптација

уреди

На 25 јули 2019 година, било објавено дека студиото Амазон нарачало минисерија базирана на романот.[7] Серијата ја напишал Скот Нојстадер и Мајкл Х. Вебер, а била продуцирана со Рис Витерспун и самата Рејд заедно со студиото Амазон.[7] Серијата се снимала од септември 2021 до мај 2022 година, а премиерно била прикажана на Amazon Prime Video на 3 март 2023 година.[7][8]

Најголемата промена е што шоуто се ослободи од еден од членовите на бендот - така што Д сикс (шестмината) беа претставени како петте членови на бендот и Камила. Нојстадер рекол дека причина за ова е сите ликови да се обработат и споредните ликови да имаат поголема приказна.[9] Поради ова, приказната на Симон - која игра прилично мала улога во книгата - добива повеќе детали. Во книгата се споменува дека се омажила па се развела, а во шоуто таа има партнерка во поголемиот дел. Дополнително, во шоуто гледаме повеќе од животот на Камила кој не е фокусиран на Били. Друга голема промена е романсата помеѓу Били и Дејзи. Додека во книгата, нивната врска е очигледна но не ја преминува платонската граница, во серијата тие споделуваат два бакнежи.[9]

Наводи

уреди
  1. Khatib, Joumana (2019-02-28). „12 New Books to Watch for in March“. The New York Times. Архивирано од изворникот на March 1, 2019. Посетено на 2023-04-27.
  2. Gray-Smith, Diane (July 2, 2020). „Daisy Jones and the Six wins the 2020 Goldsboro Books Glass Bell Award“. FMcM. Архивирано од изворникот на 2023-05-02. Посетено на 2023-05-02.
  3. 3,0 3,1 Reid, Taylor Jenkins (2019). Daisy Jones & the Six: A Novel (1st. изд.). New York. ISBN 978-1-5247-9862-8. OCLC 1040232894.
  4. „Daisy Jones & The Six: Recap and Summary“. The Bibliofile. 2020-09-29. Посетено на 2023-05-04.
  5. 5,0 5,1 Darby, Margaret (2023-03-06). „How Stevie Nicks and Lindsey Buckingham of Fleetwood Mac inspired the Amazon miniseries 'Daisy Jones & the Six'. Deseret News. Посетено на 2023-05-15.
  6. Henderson, Eleanor (2019-03-04). „A Rock Band Novel — and a Snapshot of the Bell-Bottomed 1970s“. The New York Times. Архивирано од изворникот на March 4, 2019. Посетено на 2023-05-12.
  7. 7,0 7,1 7,2 Празен навод (help)
  8. Mboho, Edidiong (2022-05-07). 'Daisy Jones & the Six' Adaptation Wraps Filming in New Orleans, Confirms Stars Riley Keough and Josh Whitehouse“. Collider. Посетено на 2023-05-04.
  9. 9,0 9,1 Празен навод (help)