Дејвид Ромер
Дејвид Ромер (англиски: David Romer) – американски економист.
Образование и кариера
уредиРомер дипломирал на Универзитетот Принстон (Princeton University) во 1980 година, а докторирал на МИТ во 1985 година. Својата академска кариера ја започнал на Универзитетот Принстон, каде работел како доцент во периодот 1985-1988, а во 1988 година се преселил на Универзитетот на Калифорнија во Беркли (University of California at Berkeley), каде работел како вонреден и редовен професор. Притоа, во периодот 2009-2010 бил главен истражувач при Меѓународниот монетарен фонд.[1]
Поважни публикации
уредиRomer објавил повеќе трудови во престижните економски списанија, како:[1]
- “The New Keynesian economics and the output-inflation trade-off” (со Laurence Ball и N. Gregory Mankiw), Brookings Papers of Economic Activity (1988)
- “Does monetary policy matter? A new test in the spirit of Friedman and Schwartz” (со Christina D. Romer), NBER Macroeconomics Annual (1989)
- “Real rigidities and the non-neutrality of money” (со Laurence Ball), Review of Economic Studies (1990)
- “A contribution to the empirics of economic growth” (со N. Gregory Mankiw и David N. Weil), Quarterly Journal of Economics (1992)
- “Openness and inflation: Theory and evidence”, Quarterly Journal of Economics (1993)
- “Does trade cause growth?” (со Jeffrey A. Frankel), American Economic Review (1999)
- “Federal Reserve information and the behavior of interest rates” (со Christina D. Romer), American Economic Review (2000)
- “Keynesian macroeconomics without the LM curve”, Journal of Economic Perspectives (2000)
- “A new measure of monetary shocks: derivation and implications” (со Christina D. Romer), American Economic Review (2004)
- “Do firms maximize? Evidence from professional football”, Journal of Political Economy (2006)
- “The macroeconomic effects of tax changes: Estimates based on a new measure of fiscal shocks” (со Christina D. Romer), American Economic Review (2010)
Исто така, тој е автор на следнава книга:[1]
- Advance Macroeconomics (четврто издание), McGraw-Hill, 2012.
Награди и признанија
уредиРомер е член на Националното биро за економски истражувања (National Bureau of Economic Research) од 1983 година, а во 2003 станал директор на програмата за монетарна економија (заедно со Кристина Ромер). Во 2006 година бил избран за член на Американската академија на уметностите и науките (American Academy of Arts and Sciences), a во 2009 година станал уредник на Brooking Papers on Economic Activity (заедно со Justin Wolfers). Во периодот 2007-2010, Ромер бил член на извршниот комитет на Американското економско здружение (American Economic Association), а исто така бил дел од уредувачките одбори на неколку списанија што ги издава тоа здружение, како: American Economic Review (1996-2002), AEJ: Macroeconomics (2007-2013), AEJ: Economic Policy (od 2014).[1]