Децата од моето училиште

„Децата од моето училиште“ — збирка раскази за деца на македонската писателка Јадранка Клисарова. Книгата е објавена во 2015 година од издавачката куќа Тримакс. Дел е од лектирната литература во основното образование и е лектира за трето одделение. Книгата е каталогизирана во НУБ„Св. Климент Охридски“ -Скопје со ISBN број .[1]

Децата од моето училиште
АвторЈадранка Клисарова
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрраскази
ИздавачТримакс
Издадена
2015
Медиумпечатено издание
Страници63

Содржина

уреди

Збирката раскази содржи меѓусебно неповрзани поглавја, именувани според случката која ги одликува. Заедничка нишка на секој од расказите е училишниот живот и секојдневните згоди и незгоди во училиштето. Тука може да се издвојат циклуси на раскази од училишните клупи, раскази за детските игри, сообраќајот, раскази за домовите и родителите на малите ученици, раскази за летниот распуст. Книгата временски започнува како учебна година на први септември, а завршува со раскази за летениот распуст. Протагонисти се помалите ученици во основно образование, нивните наставници и родители. Нема еден главен лик кој би ги поврзувал расказите, секој од расказите има свој главен лик, независно еден од друг. Сепак, тука се повторуваат неколку имиња, па тука е и девојчето со количката, кое се појавува во два раскази, тука се учениците од едно одделение, нивната наставничка, нивните родители, баби и дедовци.

Осврт кон делото

уреди

Во ова дело на Јадранка Клисарова се осликува секојдневниот живот на учениците. Важноста на улогата на училиштето во креирањето на подобар свет се отсликува во секој од расказите. Секое дете може да се идентификува со главните протагонисти во секој од расказите. Се раскажуваат згодите и незгодите на учениците во едно одделение, реалистично пренесени со топол дидактички пристап од перото на долгогодишен просветен работник. Тука се прикажуваат, претежно во позитивен дух, атмосферата во училиштето, прикажувајќи ги учениците и наставниците со скоро документаристичка точност. Само во еден од расказите се јавува фантастично прикажување на разговор меѓу дете и растенијата, но тоа е исклучок во книгата. Останатите раскази оддишуваат со реалистични и реални слики, редовно завршувајќи со поента и дидактичка порака. Така, тука се третира и проблемот на децата со попреченост кои посетуваат настава и пристапноста на овие лица до секој сегмент во општеството, било тоа да е образование или домување. Во расказите, исто така, се третираат и теми од типот однесување во училиштето и надвор од него. Сообраќајот и објаснувањето на поимите кои се користат во сообраќајот се застапени во неколку раскази со што се прави корелација со другите училишни предмети, но исто така, и се подига сообраќајната култура на младиот читател. [2]

Наводи

уреди
  1. Децата од моето училиште, Јадранка Клисарова, Скопје, 2015,Тримакс
  2. Децата од моето училиште, Јадранка Клисарова, Скопје, 2015,Тримакс