Дефетизам
Дефетизам — прифаќање и помирување со пораз без борба. Во секојдневната употреба дефетизмот најчесто има негативна конотација и се поистоветува со песимизам, предавство па дури и со безнадежност.
Овој термин најчесто се користи во контекст на војна: еден војник се смета за дефетист ако одбие да се бори затоа што смета дека битката ќе биде загубена или, пак, доколку смета дека не треба да се војува од некоја друга причина. Во истиот контекст, овој поим се користи за да се посочи на мислење според кое поразот е подобар од победата. Овој темин може да биде користен и во други сфери. На пример: политика, спорт, психологија, филозофија и др.