Детско одморалиште „Титови пионери“ - Николиќ
Детско одморалиште „Титови пионери“ — детско одморалиште во непосредна близина на селото Николиќ, сместено на северниот брег на Дојранското Езеро, во југоисточниот дел на Македонија.[2]
Детско одморалиште „Титови пионери“ | |
---|---|
Воздушен поглед на детското одморалиште | |
Општи податоци | |
Статус | напуштено |
Вид | одморалиште |
Град | с. Николиќ |
Земја | Македонија |
Координати | 41°15′6″N 22°44′15″E / 41.25167° СГШ; 22.73750° ИГД |
Надм. височина | 155 м |
Завршена | 1970-ти |
Сопственик | Министерство за труд и социјална политика |
Технички податоци | |
Подна површина | 6.082 м2[1] |
Одморалиштето се наоѓа во многу лоша состојба, целосно напуштено, обраснато со вегетација, а внатрешноста е целосно руинирана.[3]
Местоположба
уредиОдморалиштето се наоѓа на северниот брег на Дојранското Езеро, пред самото село Николиќ.
Архитектура
уредиГрадбата поседува пет посебни единици кои се симетрично поставени, како и заеднички придружни објекти. Самата градба е од комбинација на изложен (натур) армиран бетон и груба малтерна обработка со нагласен висок кров поставен на метална конструкција.[2]
Сопственост
уредиСпоред последни достапни информации до 2015 година, објектот бил во сопственост на Министерството за труд и социјална политика, кога имало обид да се продаде заедно со уште пет други вакви одморалишта.[2]
Во 2022 година, од Општина Дојран изјавувале дека има голем интерес да се инвестира во ова место.[3]
Галерија
уреди-
Внатрешноста
-
Графити
-
Кошаркарско игралиште
-
Дел од придружниот објект
-
Воздушен поглед со Дојранското Езеро
-
Воздушен поглед
-
Поглед на објектот
Наводи
уреди- ↑ „Државата бара инвеститори за некогашните детски одмаралишта“. Сител Телевизија. Посетено на 2024-04-24.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Детско одмаралиште „Титови пионери", село Николиќ, Дојран – МАРХ“. Посетено на 2024-04-24.
- ↑ 3,0 3,1 Мицева, Сузана (9 мај 2022). „Детското одморалиште „Титови пионери" во Дојран две децении е запуштено“. Телма. Посетено на 24 април 2024.
Надворешни врски
уреди- Детско одморалиште „Титови пионери“ - Николиќ на Ризницата ?