Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Детето во снегот - раскази на македонската писателка Емилија Златкова Анастасова објавена во 2020 година во издание на „КСЦ“.[1]

За книгата

уреди

Детето во снегот е збирка раскази за сите семејства чии дечиња заталкале во „студенилото на снегот“. Тоа се раскази посветени и на сите дечиња што потонале во осаменоста на „снежните виулици“, таканаречени аутизам. Психолошки и фиктивни приказни за реалноста на животот на семејствата што имаат дете со аутизам, а кои најчесто се борат сами и осамено, без помош од никого.

Детето во снегот е обид на авторката да ги прикаже борбите на овие семејства и дечиња, но и да привлече внимание и интерес кон нив за да бидат прифатени и разбрани. Вториот дел од оваа книга содржи лични сведоштва од родители на деца со аутизам, кои сакаат да ги споделат своите искуства и борбата за да ги охрабрат другите родители што се соочуваат со аутизам кај дете и да им покажат дека не се сами во таа борба; а оние неупатените, кои не знаат ништо за аутизмот, да ги запознаат со предизвиците со кои се соочуваат овие семејства.

Наводи

уреди
  1. „Детето во снегот“. https://shop.kniga.mk/site-knigi.html?publisher=253/. Надворешна врска во |work= (help)

Надворешни врски

уреди