Дестини Вотфорд
Дестини Вотфорд — американски деец за животна средина. Таа ја добила наградата за животна средина „Голдман“ во 2016 година.[1][2][3]
Биографија
уредиВотфорд пораснала во заливот Куртис, Мериленд, во област со значително загадување на воздухот.[4][5] Додека била во средно училиште, таа започнала кампања против проект за согорување кој бил одобрен од градот и државата и можел да согори 4.000 тони отпад дневно. Во текот на четири години, таа го водела проектот со други ученици во средното училиште Бенџамин Френклин врз основа на загриженоста за влијанијата врз здравјето од поголемо загадување на воздухот во областа, кое според активистите можело да дојде до појава на астма во локалната заедница.[6][7] Нивната работа вклучувала истражување на употребата на земјиштето и политиките за зонирање, како и лобирање на училишни и владини службеници.[8] Во 2016 година, Одделот за животна средина во Мериленд го откажал проектот за согорување.[9][10]
Студирала на универзитетот Тоусон.[11] Во 2018 година присуствувала на Конференцијата за расно претставување.[12] На 16-годишна возраст, таа била ко-основач на групата „Слободен глас“ [13] која подоцна станала дел од организацијата за човекови права „Обединети работници“.[14]
Награди и признанија
уредиВатфорд има добиено голем број на награди и признанија, вклучувајќи ја и наградата за животна средина „Голдман“ во 2016 година, признанието „Birdland“ во 2016 година,[15] „Next Generation“ во 2016 година,[16] „Work 100 Woman“.[17]
Наводи
уреди- ↑ „Destiny Watford“. Goldman Environmental Foundation (англиски). Посетено на 2021-04-20.
- ↑ Worland, Jason (October 8, 2020). „Fighting for Environmental Justice on the Streets of Baltimore“. Time. Посетено на 2021-04-20.
- ↑ Norris, Anna (April 26, 2016). „This Brave Baltimore Student Shut Down the Nation's Largest Trash Incinerator“. The Weather Channel. Посетено на 26 April 2021.
- ↑ Dance, Scott (April 18, 2016). „Curtis Bay youth wins award for campaign against Fairfield incinerator“. Baltimore Sun. Архивирано од изворникот на 2021-05-10. Посетено на 26 April 2021.
- ↑ Blackstone, John (April 19, 2016). „Baltimore student takes on gov't, saves town from more pollution“. CBS News. Посетено на 26 April 2021.
- ↑ Fears, Darryl (April 18, 2016). „This Baltimore 20-year-old just won a huge international award for taking out a giant trash incinerator“. Washington Post (англиски). ISSN 0190-8286. Посетено на 2021-04-26.
- ↑ Schwartz, Ariel (April 20, 2016). „This 20 year-old stopped the largest trash incinerator in the U.S. from being built“. Business Insider. Посетено на 26 April 2021.
- ↑ Mock, Brentin (April 25, 2016). „How Destiny Won Over Baltimore“. Bloomberg. Посетено на 26 April 2021.
- ↑ „Meet the black activist who derailed a big polluting project before graduating college“. Grist (англиски). 2016-04-18. Посетено на 2021-04-20.
- ↑ Dance, Scott (December 15, 2017). „How a trash incinerator — Baltimore's biggest polluter — became 'green' energy“. Baltimore Sun. Посетено на 26 April 2021.
- ↑ „TU in the News: Destiny Watford '17 wins international award for activism“. Towson University (англиски). Посетено на 2021-04-20.
- ↑ „Destiny Watford“. Facing Race: A National Conference (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-11-27. Посетено на 2021-04-20.
- ↑ Inc, Younts Design. „Youth Environmental Activism / Expert Q&A: Destiny Watford, Charles Graham, & Evan Maminski“. Biohabitats (англиски). Посетено на 2021-04-20.
- ↑ Pinder, Gay (August 18, 2016). „How Destiny Watford went from 'just' a teenager to acclaimed activist“. The Daily Record. Посетено на 26 April 2021.
- ↑ „Birdland Hero: Destiny Watford | 06/25/2016“. MLB.com (англиски). Посетено на 2021-05-01.
- ↑ „Meet the 20-Year-Old Who Stood Up to a Major Company—and Won“. Time. Посетено на 2021-05-01.
- ↑ Kwateng-Clark, Danielle (August 1, 2017). „ESSENCE Black Girl Magic: Meet The 20-Year-Old Environmentalist Fighting For Her Community“. Essence (англиски). Посетено на 2021-04-20.
Надворешни врски
уреди- Дестини Вотфорд: Како една студентска активистка и помогна на нејзината заедница да запре загадувачки согорувач | Разговор на ТЕД, 2017 година